Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, се обиде да се самоубие, пишува „Ти-ем-зи“. 20-годишната Парис ја пронашле онесвестена во домот, по што е однесена во болница. Нејзината состојба во моментов е стабилна.
„Ти-ем-зи“ пишува дека Парис пробала да се самоубие заради обвинувањата против нејзиниот татко за педофилија и злоставувањето малолетни момчиња кои се појавија во документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“.
По премиерата на документарниот филм Парис неколкупати напиша на „Твитер“ дека сите обвинувања против нејзиниот татко се лажни и дека тој не бил монструм каков што сакаат да го прикажат во јавноста.
Текстот Ќерката на Мајкл Џексон проба да се самоубие е превземен од Reporter.mk.