Ќерката на музичарот Александар Ристовски-Принц и модната дизајнерка Роза Трајческа, Стефанија, е полуматурантка. За полуматурата таа избрала црни панталони, црна проѕирна блуза со златни детали и црно-златни чевли. Слики од прославата на нејзината полуматура на „Фејсбук“ објави Принц и се пофали дека со сопругата имаат голем повод за славење.
„Имаме и није, дан речите полуматуранткана наша понављала“, напиша музичарот покрај сликите.
Стефанија неодамна ја промовираше својата прва стихозбирка, „Наштимана тишина“. Но, таа го наследила и музичкиот талент на татко си, па свири гитара и пијано. Нејзиниот помал брат Јаков, пак, свири тапани.
Текстот Ќерката на Принц и Роза е полуматурантка е превземен од Reporter.mk.