Маја Хок, ќерката на актерката Ума Турман и актерот Итан Хок, не е познато име во Холивуд, но, сепак, таа ќе игра во новиот филм на Квентин Тарантино Once Upon a Time in Hollywood.
Нејзината актерска кариера тргна во нагорна линија откако се појави во филмската адаптација на Little Women, а пред да биде избрана за филмот на Тарантино таа прифати да биде дел од третата сезона на серијата Stranger Things.
Дваесетгодишната Маја Хок ќе се појави во филмот Once Upon a Time in Hollywood, кој полека но сигурно добива огромна актерска екипа исполнета со холивудски ѕвезди, но и непознати актери за кои ова ќе биде шанса за првпат да се играат во филм. Веќе е познато дека во филмот главните улоги ќе ги имаат Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби, а покрај нив ќе се појават голем број познати актерски имиња како: Ал Пачино, Барт Рејнолдс, Лук Пери, Дакота Фенинг, Зои Бел, Тим Рот, Мајкл Мадсен, Курт Расел и други.
Текстот Ќерката на Ума Турман во новиот филм на Тарантино е превземен од Reporter.mk.