Ќерката на Зорица Брунцлик го откри полот на детето

Злата Аранѓеловиќ, ќерката на Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, го откри полот на детето. Шминкерката и модната стилистка денеска открија дека следната година на пролет ќе станат родители на девојче.

Среќната вест ќерката на пејачката ја споделила на Инстаграм. Злата и нејзиниот две години помлад избраник Милош Вујановиќ се во врска седум месеци, а пред да се породи, тие планираат да се венчаат.

Веста за приновата особено ги израдува Зорица и Кемиш, на кои ова ќе им биде прво заедничко внуче.

 

Текстот Ќерката на Зорица Брунцлик го откри полот на детето е превземен од Reporter.mk.