Ќерката Софиа ќе навива за Талески на мечот со Хрватска

Ракометарот Филип Талески се пофали дека сопругата Ена и ќерката Софиа дошле во Минхен за да го бодрат на натпреварот „Македонија-Хрватска“ што се игра вечерва. „Мојата најголема инспирација“, напиша ракометарот на сликата на која е со сопругата и со ќерката што се роди неодамна.

Талевски повеќе од еден месец во јавноста не откриваше дека станал татко. Веста за раќањето на ќерката ја откри откако нејзиното име го напиша на патиките со коишто игра на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска.

Филип Талески стана татко

Текстот Ќерката Софиа ќе навива за Талески на мечот со Хрватска е превземен од Reporter.mk.