Ќерките на Брук Шилдс ја советувалe да направи естетска корекција на лицето

Актерката Брук Шилдс (54) се пожали во интервју кај Енди Коен дека нејзините ќерки ја советувале да направи естетски корекции на лицето. Роуан (16) и Гиер (13) ја убедиле мајка им да направи корекции на лицето, поради нејзините брчки кои настанале низ годините.

„Ќерките ме убедуваа да направам нешто со моето лице. Се изненадив кога го слушнав тоа од нив. Како да не знаат дека јас сум модна икона. Навистина непријатно се изненадив“, изјавила Шилдс.

Актерката откри дека нејзиниот добар изглед се должи на активнте вежби кои ги практикувала во текот на целата кариера. Таа е позната по глумата и манекенство, а има ги украсено многубројни насловни страни на светски модни изданија.

Меѓу холивудските актерки одамна владее тренд на подложување на естетски операции за да го одржат својот младешки изглед, а актерката призна дека не го сторила тоа од стравот да оди под нож. Брук своевремено имаше густи веѓи што ја правеше препознатлива, и тоа во време кога тие не беа во мода.

„Смешно е колку луѓето се опседнати со еден дел од телото, особено со нешто банално како веѓите“, открива Брук.

 

View this post on Instagram

 

Working my 🍑 off! #mondaymotivation

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields) on

Текстот Ќерките на Брук Шилдс ја советувалe да направи естетска корекција на лицето е превземен од Reporter.mk.