Кардинале која беше наградена за особен придонес во светската филмска уметност, продефилира на црвениот тепих и се фотографираше со дел од присутните. Со неа се фотографираше и министерот Никола Димитров.
Триесет и деветиот интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, беше отворен со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.
На отворањето ќе бидат прикажани краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов-Изи и „Истребувач 2049“ во чест на оскаровецот Роџер Дикинс, лауреат на наградата „Златна камера 300“.
Текстот Клаудија Кардинале на црвениот тепих на „Браќа Манаки” е превземен од Reporter.mk.