Денес помалку заборавената актерка Клер Дејнс открила дека ја одбила улогата на Роуз во мегахитот Титаник. Новинарот Дакс Шепард ја интервјуирал актерката и ја прашал дали ѝ била понудена улогата која ја прослави Кејт Винслет, на што таа одговорила потврдно.
„Мислам дека да. Не беше баш јасно, но покажуваа голем интерес за мене“, рекла актерката.
Клер со Леонардо ди Каприо веќе снимила еден хит-филм, Ромео и Јулија од 1996 година.
„Искрено, веќе го снимив тој романтичен епски филм со Леонардо и го немав тоа во себе“, рекла таа и додала дека воопшто не жали за одлуката.
Исто така, таа рекла дека и Ди Каприо се предомислувал дали да ја прифати улогата во Титаник иако знаел дека тоа ќе му биде пресвртница во кариерата.
„Лео и јас во тоа време го имавме истиот менаџер. Знаев дека се бореше со таа одлука во тој период, но на крајот ме погледна и ми рече: ‘Ќе го направам тоа’. Се гледаше дека е несигурен, но знаеше дека мора. Му реков дека го разбирам потполно, но јас не сум подготвена за тоа. Сè уште мислам дека не сум“, раскажала Клер.
Одлуката ја образложила со фактот дека не сакала веднаш да сними уште еден голем романтичен филм.
„Сакав да пробам други работи, ова ми се чинеше како повторување. Знаев дека ќе се вплеткав во нешто со што не можев да се носам“, тврди Клер.
Откако Титаник излезе во 1997 години, Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет беа најголемите ѕвезди на планетата. Филмот освои 11 Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм и најдобар режисер.
Клер овие денови е најпозната по улогата во серијата Homeland.
Текстот Клер Дејнс откри зошто ја одбила улогата на Роуз во „Титаник“ е превземен од Reporter.mk.