Клои и Томпсон ја тужат Кимберли, затоа што тврди дека има дете со НБА ѕвездата

Кошаркарот Тристан Томпсон и неговата сопруга Клои Кардашијан, го тужат познатиот модел Кимберли Александер која тврди дека, НБА ѕвездата е татко на нејзинот дете. По направениот ДНК тест, резултатите покажале дека тоа не е вистина, но, Кимберли тврди дека станува збор за заговор и дека резултатите се наместени.

„Ги наместија резултатите, затоа што вистината ќе го нарушеше нивното семејство. Клои не е подготвена да се соочи со тоа и затоа барам повторно тестирање, независно и во кое резултатите нема да бидат контролирани и заташкани“, напишала Кимберли на социјалните мрежи.

Светските медиуми пренесуваат дека Томпсон е подготвен да го повтори тестот, веројатно затоа што е сигурен дека нема ништо со детето, а тој и Клои најавија и тужба против Кимберли, поради клеветите кои ги изнела.

Ова не е прв скандал во кој е вмешан Томпсон. Тој од самиот почеток на нивниот однос, влегувал од една афера во друга. Кавгата меѓу нив двајца еруптирала кога во јавноста се појавија гласини дека кошаркарот ја изневерил со Џордан Вудс, најдобрата пријателка на нејзината помлада сестра Кајли Џенер.

Томпсон и Клои ја имаат двегодишната ќерка Тру.

 

 

Текстот Клои и Томпсон ја тужат Кимберли, затоа што тврди дека има дете со НБА ѕвездата е превземен од Reporter.mk.