Еден од најдобрите српски глумци, Небојша Глоговац, почина пред една година во Институтот за онкологија во Белград, како последица на рак на белите дробови. Глоговац почина на 49 години. Неговата сопруга, поранешната телевизиска водителка Милица Шчепановиќ, на социјалните мрежи објави nastap pd песна.
„Kога сакаш да плачеш, а не можеш“, напиша Милица на нејзиниот „Фејсбук“ профил.
Милица често објавува фотографии од нејзиниот сопруг. Таа за него вели дека освен што одлично се снајде во улогата на татко на мало дете, после многу години, беше и добар сопруг.
На нејзиниот „Инстаграм“ покрај бројните фотографии од Глоговац, може да се види и нивната ќеркичка Сунчица, од нејзините секојдневни заеднички активности.
Веста за тешката болест на Небојша ги затекна многумина, а претажната вест за тоа дека не успеа да се избори за живот ги остави без текст многумина кои го познаваа, но и оние кои го гледаа на малите екрани и во одличните претстави во кои тој играше.
Глоговац има глумено во голем број балкански филмови. Ја имал главната улога во хрватскиот филм „Уставот на Република Хрватска“, на Рајко Грлиќ. Филмот во 2016 година беше на второто место на најгледани домашни филмови во Србија.
Прв пат се појавил во улогата на Фадил, војник на ЈНА, во воената драма на Бора Драшковиќ, „Вуковар, една приказна“.
Една од поголемите улоги кои ја добил Глоговац била во претставата „Темна ноќ“, која стана една од најкомерцијалните претстави и која се играше на голем број турнеи низ Америка и Канада.
Првата главна улога Глоговац ја добил во филмот на режисерот Горчин Стојановиќ, „Убиство со предумисла“, во која го толкуваше ликот на Богдан. За оваа улога ја добил наградата за најдобра машка улога „Цар Константин“, на филмскиот фестивал во Ниш. Голема популарност му донесе и улогата на Златка во серијата „Семејно богатство“.
Текстот „Кога сакаш да плачеш, а не можеш“, сопругата на Глоговац неутешена и по една година од смртта на глумецот е превземен од Reporter.mk.