Мајката на Јелена, Дивна, познат радиоводител во Србија, позајмила пари за да може Карлеуша да го снима првиот албум. Јелена вели дека не било лесно да стане тоа што е денес, особено затоа што не потекнувала од ситуирано семејство. Всушност, семејството се борело со немаштијата. „Кога бев мала, најмногу ме нервираше немаштијата. Ме убиваше што ги гледам мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче кое не бараше ништо… освен да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. И успеав. За нив“, напиша Карлеуша на „Твитер“.
Текстот Кога живеев во беда, ме убиваше ликот на мајка ми е превземен од Reporter.mk.