Коки Јанков од „Тајфата“ веќе два месеца е во љубовна врска со Маја. Вели дека е среќен и дека набргу планира брак. Двојката веќе живее заедно и набргу ќе ја официјализира врската.
Коки ексклузивно за „Репортер“, конечно, проговори не само за новата љубов туку и за разводот со Росана, со која беше неколку години во брак.
„За да опстане мојот брак, условите беа на многу ниско ниво, па затоа тој брак заврши на 15 ноември 2018 година. Ова го кажувам за нештата да бидат појасни. Знам дека информацијата зошто се разделивме и кои се причините за разводот ги интересираат и другите, но јас свесно го одбегнувам одговорот за ова веќе подолго време. И за ова прашање треба да се обратите на друга адреса“, ни открива Коки.
За новата љубов, вели: „Со Маја сме заедно веќе два месеца и се знаеме многу одамна и многу добро затоа што ние бевме дечко и девојка пред да се оженам. Еве, по 11 години, пак се сретнавме и решивме со целиот живот зад нас да тргнеме заедно. Таму кај што си сакан и почитуван, таму е најтопло. Животот е таков, тој е за храбрите, а не за плачковци. Ние живееме заедно и планираме што побргу ова да го официјализираме со брак“.
Од претходниот брак тој ја има ќерката Лара. „Мојата ќерка Лара е супер, а јас и понатаму продолжувам да ги сакам моите блиски и да ги штитам со својот живот“, вели Коки.
Освен во љубовата, тој е активен и музичики, па вели дека набргу ќе ја промовира и новата песна од Коки и „Тајфата“.
Александра Георгиев
Текстот Коки ексклузивно за „Репортер“: Ќе се женам со поранешната од пред 11 години е превземен од Reporter.mk.