Автомобилот „Форд Фиеста“ на српската пејачка Гоца Божиновска изгоре утрово откако излетал од патот во Белград, удрил во електричен столб и се запалил. Автомобилот, наводно го возел пријател на синот на Гоца, кој откако удрил во столбот, излегол од колата и избегал, пишува српски „Телеграф“.
Несреќата се случила околу 5 часот утрово, неколку часа потоа пејачката се огласи во јавноста и потврди дека никој не е повреден од нејзиното семејство. Таа додала дека не знае што се случува со возачот и каде е тој во моментот.
Текстот Колата на Гоца Божиновска изгоре во сообраќајка е превземен од Reporter.mk.