Колегите на Дарко Лазиќ со поддршка за семејството на пејачот

Голем број на пријатели и колеги упатија поддршка до семејството на српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој утринава доживеа сообраќајна незгода.

Голем број на негови пријатели и другари пристигнале во болницата за да даруваат крв.

 

 

 

„Има напукнати ребра, од петтиот до деветиот, карлицата и интубиран е. Сеуште не е опериран“, изјавил еден од неговите другари.

Една од првите кои пристигна во болницата каде пејачот беше примен, беше неговата поранешна сопруга Ана Севиќ. Таа е заедно со семејството и девојката на Лазиќ, Марина Гагиќ. Кон болницата во Белград тргнала и пејачката Андреана Чекиќ, кумата на Дарко.

„Не знам што да кажам. Не можам да се соберам од шок. Го молам бога да го спаси Дарко. Немам премногу информации. Само знам дека лекарите се борат за неговиот живот. Се слушнав со Ана и таа е избезумена“, изјавила Андреана.

Несреќата ги погоди и неговите колеги, челникот на Гранд продукција Сашо Поповиќ и пејачот Аца Лукас.

„Во овој момент најважно е тој да биде добро. Верувам во способноста на нашите лекари и верувам дека Дарко од ова ќе излезе како победник“, изјавил Поповиќ.

„Не можам да верувам. А му реков да внимава. Малиот мора да издржи“, изјавил Аца Лукас.

 

По несреќата голем број од личните работи на Дарко Лазиќ, новинарите и полициските служби ги пронашле расфрлани на нивата каде неговиот автомобил беше превртен.

Текстот Колегите на Дарко Лазиќ со поддршка за семејството на пејачот е превземен од Reporter.mk.