Колинда Грабар Китаровиќ го пречека израелскиот претседател Реувен Ривлин, а за таа пригода хрватската претседателка одбрала соодветен аутфит, сметаат модните критичари.
Колинда се решила за идентичен костим кој го несела и Меланија Трамп, за време на инаугурацијата на својот сопруг Доналд Трамп.
Тогаш многумина првата дама на САД ја споредуваа со Џеки Кенеди.
Голем број на модни критичари коментираат дека Колинда решила да игра на сигурно, па облекла исти чевли кои ги носела и првата дама на САД, а направила и слична фризура како Меланија.
Единствено што недостасувало биле ракавиците, кои поради топлината не можела да ги носи.
Текстот Колинда ја ископира Меланија од глава до петици е превземен од Reporter.mk.