Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ му посака среќа на Новак Ѓоковиќ пред полуфиналето со Рафаел Надал што почна да се игра вчеравечер, а продолжи денес. Таа на својот инстаграм профил објави слика со српскиот тенисер.
„На Новак Ѓоковиќ, големиот човек и спортист, од срце му посакувам влез во финале на Вимблдон. Чест ми е што имав можност лично да го запознаам во Умаг“, напиша Колинда.
Таа ја воодушеви светската јавност со своето навивање за хрватската репрезентација на Светското првенство во фудбал. Медиумите ја опишуваат како еден од најстрасните навивачи на „ватрените“. Едвај чекаме да видиме како ќе прослави ако Хрватите станат светски шампиони, стои во еден од натписите на спортските медиуми пред утрешното финале меѓу Франција и Хрватска.