Легендарната оскаровка Вупи Голдберг вели дека во моментов се опоравува од тешкото воспаление на белите дробови, кое за малку можело да ја чини живот.
„Бев многу блиску да го напуштам овој свет“, изјавила шеесетгодишната комичарка за NBC.
Голдберг навела дека воспалението ги зафатило двете нејзини белодробни крила и се заблагодарила на публиката и нејзините добри желби, дополнувајќи дека не може да дочкеа да се врати во ток-шоуто „Поглед“.
Голдберг од 6 февруари го прекина учеството во емисијата во која беше една од водителките, но не навела кога ќе се врати повторно на малите екрани.
Иако делува дека е во добра форма, американската комичарка признава дека сеуште не е целосно сосема подвижна.
Текстот Комичарката Вупи Голдберг: Бев на чекор да го напуштам овој свет е превземен од Reporter.mk.