Компанија го искористи Ентони Бордејн за да го рекламира своето виски

Рекламата за виски во која се појавува починатиот Ентони Бордејн крена голема прашина на социјалните мрежи. Кај некои ваквата реклама предизвика тага, додека голем број од оние кои не се согласуваат со истата коментираа дека е невкусно да се објави ваква реклама по неговата смрт.

„Ако во своето срце чувствуваш, ако знаеш, ако имаш причина да веруваш дека би можел да бидеш врвен во нешто, да можеш да направиш нешто што единствено со кое ќе шокираш, запрепастиш, и ќе ги воодушевиш луѓето, тогаш направи го“, вели Бордејн во рекламата.

„Ти успеа во тоа. Горди сме што ги делевме патувањата со тебе“, е пораката која стои на крајот од рекламата.

Оние кои се згрозени од рекламата во коментарите објавиле дека е крајно неодговорно да се објави оваа реклама, ако се земе во предвид неговата борба со зависноста.

„Кој заклучил дека е добра работа да се создаде профит од смртта на Бордејн? Ова е невкусно. Уште една реклама без почит кон мртвите. Компанијата која го продава производот кој предизвикува зависност, штотуку имаше трибјут реклама за Боурдин. Понекогаш се чувствувам депресивно. Можеби треба да пробам од вискито кое ми го продава духот на Ентони Бордејн. Ова речиси не е етично“, напишаа некои од згрозените коментатори на социјалните мрежи.

„Исусе, плачев како дожд на годинашниот „Еми“. Можеби е лош тајминг, но ме потсети на неговата емисија. Дај малку смирете се“, биле оние кои оваа реклама ги натажила.

 

 

Текстот Компанија го искористи Ентони Бордејн за да го рекламира своето виски е превземен од Reporter.mk.