Концертот на италијанскиот музичар Цукеро наместо на Антички, ќе се одржи во салата „Билјанини извори“ во Охрид, соопшти организаторот „Авалон продукција“. Датумот останува ист, 25 јули.
„Во договор со менаџментот на Цукеро, се одлучивме концертот да го префрлиме во затворен простор заради временските услови. Од УХМР и според сите релевантни веб страници за временска прогноза, најавено е дека во периодот што следи нè очекуваат перманентни ветрови, дождови и грмежи во Охрид. Поради местоположбата на Античкиот театар, сите најавени временски услови прават огромен безбедносен проблем!“, велат тие.
Сите што имаат купено блети за Антички ќе можат да ги користат и на новата локација со истата нумерација. Од утре во продажба ќе бидат пуштени дополнителни 200 билети за концертот.
Текстот Концертот на Цукеро префрлен на „Билјанини извори“ е превземен од Reporter.mk.