Концертот кој вечерва Шон Пол требаше да го одржи на стадионот во АРМ ќе се одложи поради технички проблеми, велат од Fusion production. Од таму објаснуваат дека пејачот бил спречен да се качи на закажаниот лет во Лондон, па поради неговите закажани ангажмани, концертот е невозможно да се одложи за утре на 24 август.
„Почитувани, со огромно жалење мораме да ви соопштиме дека концертот на Шон Пол денеска (23 август) нема да се одржи! Причината за откажувањето на концертот, и покрај тоа што речиси целата екипа на Шон Пол вчеравечер пристигна во Скопје, е тоа што Шон Пол, за жал, поради технички причини беше спречен да се качи на закажаниот лет во Лондон. Со оглед на неговите веќе закажани ангажмани и покрај нашите напори концерт да има утре (24 август) тоа е невозможно да се случи, а новиот датум ќе биде соопштен дополнително. Сите оние кои купиле влезници истите ќе можат да ги зачуваат за новиот датум, кој ќе биде соопштен дополнително, или да си ги вратат средствата на продажното место од каде го набавиле билетот. Со почит, Fusion production
Текстот Концертот на Шон Пол нема да се одржи е превземен од Reporter.mk.