Конечно Кнез ќе се жени

Црногорскиот пејач Ненад Кнежевиќ – Кнез во јуни ќе се ожени со својата девојка Татјана, две години откако направија веридба. На свадбата ќе бидат поканети само најблиските роднини и пријатели на двојката.

„Не сакам да откривам детали за венчавката за да не ме бијат малери.  Но, ќе биде убаво, романтично, со доста изненадувања. Во секој случај, ќе биде оригинално“, рекол Кнез во интервју за „Глоси“.

Тој додал дека со Татјана сакаат да им приредат изненадување на гостите, а и свадбата да им биде поразлична од сите останати свадби.

„Не сакаме стереотипи. Ќе биде полно со откачени работи. Поентата е сите да се забавуваме добро. Можеби ќе дојде и Бон Џови“, додал Кнез.

Текстот Конечно Кнез ќе се жени е превземен од Reporter.mk.