Коронавирусот ја симна британската кралица Елизабета од тронот

Британската кралица Елизабета, веќе со месеци нема објавено ништо, што е поврзано со нејзините кралски должности, поради пандемијата со коронавирусот. Како што пренесуваат некои од британските и светски медиуми, ова би можело да биде крај на нејзиното владеење.

Британски „Сан“, пишува дека кралицата Елизабета (94), седи во својата резиденција во замокот Виндѕор и таму ќе остане до крајот на пандемијата со коронавирусот. Но, она што ги вознемири и ги загрижи нејзините фанови, се најновите информации, кои говорат дека кралицата можеби никогаш повеќе нема да се врати на кралските должности.

Ситуацијата со коронавирусот, го примора кралското семејство да се повлече од јавноста, поради што сега се чувствуваат последиците од тоа. Додека владата настојува да ги ублажи последиците од коронавирусот, станува сè поизвесно дека кралицата повеќе нема да се појави во јавност.

Ако дојде веќе до тоа, таа сигурно ќе се појави преку видео запис, пренесуваат британските медиуми. Со оглед на нејзините и годините на нејзиниот сопруг Филип, чија здравствена состојба не е иделана, се претпоставува дека кралската двојка ќе остане во изолација подолго време од планираното.

Како што пренесуваат британските медиуми, кралицата Елизабета можеби никогаш нема да се врати на нејзините јавни кралски должности, затоа што ризикот е преголем.

„Ова е тажно, но едноставно не гледам начин како кралицата би се вратила на нормалниот начин на живот и да ги извршува кралските должности“, изјавил авторот на голем број на кралски биографии, Ендру Мортон за британски „Сан“.

Текстот Коронавирусот ја симна британската кралица Елизабета од тронот е превземен од Reporter.mk.