Кошаркарскиот дрес на поранешниот американски претседател Барак Обама, што го носел во средното училиште на Хаваи, е продаден на аукција за 120.000 долари, соопшти аукциска куќа од Тексас што ја организирала продажбата. Купувачот на дресот сакал да остане анонимен.
Организаторите на аукцијата истакнале дека за дресот на Обама имало 27 понуди. Дресот со број 23 Обама го носел кога имал 18 години, во средно училиште на Хаваи, каде што живеел. Тој во 1979 година играл кошарка за екипата „Пунахоу“ од Хонолулу, која станала државен првак на Хаваите.
Дресот пред аукцијата бил проценет на околу 100.000 долари. Според организаторите, дел од приходите од продажбата ќе одат во образовни цели.
Текстот Кошаркарски дрес на Обама продаден за 120.000 долари е превземен од Reporter.mk.