Козби, Вајнштајн, Доминго, сексуални предатори кои ги напаѓале жените

Доминго, Вајнштајн, Козби, Спејси, се само дел од имињата од познатите славни ѕвезди во Холивуд кој сметале дека сè им е дозволено затоа што се познати, па многу девојки ги принудувале на секс и ги дрогирале.

На листата на злосторници и силувачи своето име го запиша и оперниот тенор Пласидо Доминго. Осум пејачки и една танчерка, го обвиниле Доминго за сексуално злоставување, кое се случило пред 30 години, но за кое сè досега, како што тие велат, не се осудиле да проговорат.

Доминго наводно ги присилувал жените да имаат сексуални односи со нив, а за возврат им ветувале дека ќе им средат да почнат со добра работа. Ако некоја жена го одбиела, ќе ги казнел на начин на кој ќе ги оставел без некој ангажман кои тие го сакале.

Една од нив тврди дека Доминго и ги ставил рацете под нејзиниот фустан, додека три жени сведочеле дека ги присилил да го бакнат. Едниот настан се случил во гардеробер, другиот во хотелска соба, додека третиот за време на деловен ручек. Иако оперниот пејач е во брак од 1962 година, тоа не го спречило да биде незгоден за време на деловните случувања.

 

„Деловниот ручек е вообичаен, но не е нормално кога некој за време на истиот тој ручек, ќе се обиде да ти ја држи раката или да ти ја стави неговата рака на колено. Тој секогаш наоѓаше начин да ги допира жените и да ги принудува на бакнежи“, вели една од злоставуваните жени.

Откако Патриша Волф настапила со него во деведесетите годни, Доминго, не прекинувал да трча околу неа и да ја кани на состаноци. Додека таа не го открила својот идентитет, останатите жртви сакале да останат анонимни, а дури и Плацидо се огласил по повод скандалот.

„Обвинувањата од неименувани индивидуалци кои потекнуваат од пред повеќе од 30 години се неверојатни и неточни. Сепак, болно е кога ќе прочитам и слушнам дека сум вознемирил некого или сум направил да се чувствува непријатно, без разлика дали тоа се случило со најдобри намери. Верувам дека сите мои средби и врски миле договорени, а луѓето ме знаат, барем оние со кои сум работел, дека не сум повредил или навредил никого намерно“, пишува во соопштението на Плацидо, испратено до медиумите.

Како Доминго, постојат голем број ѕвезди. Меѓу нив е и Бил Козби, телевизиската ѕвезда и комичар, кој е осуден на казна од три до десет години затвор, поради дрогирање и силување на кошаркарскиот тренер Андреа Констанд.

„Козби го зема мојот младешки, прекрасен, здрав дух и го скрши“, изјавила жртвата, а судијата Стив Онил дополнително ќе одлучи колку долго Бил ќе остане во затвор. Иако само за неа е докажано, Андреа не е единствената која Козби ја нападнал.

Досега за сексуално злоставување, Козби го обвиниле повеќе од 60 жени кои ги дрогирал, а потоа и силувал. Козби прво ги негирал тврдењата, а минатата година признал дека често на девојките им давал одредени опијати за да ги опушти пред сексот. Судијата изјавил дека е дојдено време за правда и дека Козби направил сериозен злочин.

Тој сметал дека актерот е закана за општеството и го пријавил во регистарот за насилни сексуални предатори.

На овој куп на злосторници им се придружи и пејачот Р. Кели. За него од ден на ден стигнуваат сè повеќе обвинувања. Засега е обвинет за сексуално злоставување на најмалку четири девојки, од кои три имале само 13 до 17 години. Една девојка ја заразил со херпес, некои ги тепал па имале видливи модрици, а повеќето од неговите жртви биле малолетнички.

Актерот Кевин Спејси сексуално нападнал 18 годишник во бар, но веднаш изјавил дека не се чувствува виновен. Прво го опијанил, а потоа го допирал. Сепак случајот е отфрлен затоа што момчето одбило да сведочи. Целата ситуација се одиграла во корист на Кевин, кој ја избегнал можноста од казна затвор во висина од пет години.

Еден од најголемите предатори е продуцентот Харви Вајнштајн. Десетина жени го обвиниле дека сексуално ги злоставувал и тој ќе мора да им исплати околу 50 милиони евра.

 

 

Текстот Козби, Вајнштајн, Доминго, сексуални предатори кои ги напаѓале жените е превземен од Reporter.mk.