Кожениот комплет што глумицата Оливија Њутн-Џон го носи во последната сцена од хит-филмот „Брилијантин“ е продаден на аукција за 405.700 долари. Ова е двојно повеќе од очекуваното, откри аукциската куќа, која не го соопшти името на купувачот, оти сакал да остане анонимен.
На аукцијата е продадено и оригиналното сценарио што ѝ припаѓало на актерката. Розовиот фустан што таа го носеше на премиерата на филмот е продаден за 18.750 долари.
Брилијантин“ е снимен 1978 година, а во него Њутн-Џон ја глумеше тинејџерката Сенди, која се заљубува во Дени, ликот што го глумеше Џон Траволта. Тесните кожени панталони што ги носеше во последната сцена од филмот биле стари две децении кога таа ги носеше на снимањето на филмот. Глумицата потоа неколку пати изјавуваше дека била на диета пред да ја сними последната сцена.
За потсетување, познатата глумица се лекува од рак на дојката, па дел од средствата од наддавањето ќе одат на сметката на нејзиниот центар за лекување рак во Австралија.
Текстот Кожените панталони на Оливија Њутн Џон од „Брилијантин“ продадени за 400.000 долари е превземен од Reporter.mk.