Кралицата Елизабета и принцот Филип сметаат дека принцот Чарлс е виновен за крајот на бракот со принцезата Дајана. Ова го тврди биографот на кралското семејство Роберт Лејси во документарниот филм Princes of the Palace.
Лејси тврди дека би била голема грешка да се смета дека кралицата Елизабета II ја обвинувала Дајана за пропаднатиот брак. Роберт вели дека таа отсекогаш ѝ била голема емоционална поддршка.
„Никој не може ненајавен да се види со кралицата, но Дајана обично чекаше да си замине последнот кралски посетител. Потоа ќе влезеше пред да биде најавен следниот гостин ѝ ќе почнеше да плаче. Ќе се отвореше: „Сите ме мразат, ја мразам сестра ми, ја мразам мајка ми, го мразам мојот сопруг“. Кралицата не беше навикната на таква конфронтација. Не знаеше како да се постави во таква ситуација“, вели во филмот известувачот за кралското семејство Ингрид Суард.
Текстот Кралицата Елизабета ѝ била рамо за плачење на Дајана е превземен од Reporter.mk.