Кралицата Елизабета е гневна на Хари и Меган поради Томас Маркл

Полусестрата, полубратот и таткото на Меган Маркл ѝ предизвикуваат големи главоболки на британската кралица Елизабета II, пишуваат британските медиуми.

Најголем проблем кралицата ѝ создава таткото на војвотката од Сасекс, Томас Маркл, а Меган ѝ нејзиниот сопруг принцот Хари не знаат како да го решат проблемот, вели неименуван извор од Кенсингтонската палата.

Меган и Хари инсистираат овој проблем да го решат сами, без помош од палатата. Изворот вели дека кралицата е гневна поради тоа што не гледа брзо решение, а Хари и Меган и понатаму одбиваат помош од кралското семејство.

Кралскиот биограф вели дека ситуацијата со семејството на Меган требала да биде решена пред венчавката и дека штетата која семејството Маркл ѝ го нанела на кралското семејство, веќе е непоправлива.

Меган со својот татко Томас не комуницира од денот на венчавката. Томас не присуствуваше на истата, поради наводно проблемот со неговото срце. Во подоцнежните медицински испитувања, Томас изнел и приватни детали од животот на својата ќерка, но и од принцот Хари.

 

 

Текстот Кралицата Елизабета е гневна на Хари и Меган поради Томас Маркл е превземен од Reporter.mk.