Британската кралица Елизабета Втора најверојатно ќе абдицира кога ќе наполни 95 години и власта ќе му ја предаде на својот син, принцот од Велс‚ Чарлс, пишуваат британските медиуми. Според пишувањата, се поизвесна е оваа одлука на Елизабета за напуштање престолот. Кралицата , 65 години е на престолот и таа е најстар монарх на светот. Таа стана кралица по смртта на својот татко Џорџ Шести.
Ако власта ја добие Чарлс, пишуваат медиумите, тој нема веднаш да стане крал туку ќе биде принц владетел кој ги има сите овластувања што ги има кралот иако формално не е крал.
Сепак, британската јавност е поделена околу наследникот на круната. Според анкетата, се повеќе Британци сакаат Чарлс да абдицира во корист на својот син Вилијам. Освен лошиот имиџ што го има Чарлс поради скандалозниот брак со принцезата Дајана и нејзината смрт, многумина се противат и заради неговата сопруга Камила. Како следна кралица, погелмиот број Британци ја посакуваат Кејт Мидлтон.
Текстот Кралицата Елизабета го напушта престолот е превземен од Reporter.mk.