Кралицата Елизабета II тагуваа по најдобрата пријателка

Анет Вилкин, една од најдобрите пријателки и соработнички на кралицата Елизабета II, почина на 73-годишна возраст. Британските медиуми пишуваат дека Анет во кралската палата минала повеќе од 40 години и била многу блиска со кралицата. Таа починала од тешка болест, а кралицата веста за нејзината смрт ја поднела со тешко срце.

„Ја викавме кралицата Анет. Секогаш беше средена, тивка и мирна, но знаеше да воведе дисциплина и ги држеше сите конци во рацете. Беше жена од доверба на кралицата“, изјавиле од кралскиот персонал.

Анет почнала да работи во Бакингемската палата уште од 1974 година, а кралицата Елизабета ја сметала како член на кралското семејство. Таа била во шок и нејзината емотивна состојба била нарушена откако ја слушнала веста за смртта на Анет, велат извори од кралската палата.

„Сигурно е дека кралицата ќе се појави на погребот. Тоа е нешто што вообичаено не го прави, затоа што не сака да привлекува внимание. Но, овој пат ќе направи преседан“, потврдиле од Бакингемската палата.

Британските медиуми пишуваат дека кралицата Елизабета II поради Анет ќе го прекрши протоколот за да ѝ оддаде почит на нејзината долгогодишна пријателка.

Текстот Кралицата Елизабета II тагуваа по најдобрата пријателка е превземен од Reporter.mk.