Британската кралица Елизабета II би можела да им дозволи на Меган Маркл и принцот Хари да одберат уникатно име за своето бебе, кое го очекуваат на пролет, пишува express.co.uk.
Ова го открива кралски експерт од палата, кој вели дека во моментов има голем број на шпекулации околу името кое кралската двојка планира да го одбере.
Британците почнаа дури и да се обложуваат за името кое треба да го добие кралскиот член. Вообичаената пракса досега била избор на традиционални имиња, но експертот вели дека кралицата Елизабета II сега ќе им дозволи на Меган и Хари самите да одберат уникатно име.
За разлика од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, чии деца носат традиционлани британски имиња, Џорџ, Шарлот и Луј, холивудската актерка Меган има слобода да избере име инспирирано од нејзиното воспитание.
Експертот вели дека колку е подалечна линијата на наследување на тронот, толку е поголема веројатноста бебето да добие уникатно или нетрадиционално име.
„Според разновидноста на имињата на потомците на кралицата, може да се заклучи дека кралицата Елизабета е подготвена да им дозволи на потомците да си изберат свои имиња“, вели експертот.
Текстот Кралицата Елизабета ќе им дозволи на Меган и Хари да одберат уникатно име за бебето е превземен од Reporter.mk.