Британската кралица Елизабета II успеала дури шест пати да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Пред осум години, таа е прогласена за набогата кралица. Тогаш нејзиното богатство се проценило на 310 милиони фунти, а овој износ се надокнадува со приходите од недвижностите, накитот и уметноста.
Уште еден рекорд кој го срушила, е и владеењето во 116 земји од Комонвелтата, со 139 милиони жители. Елизабета II е прикажана и на монетите на 35 земји. Ниту една личност нема добиено таква чест, во толкави размери.
Нејзиното Височество владее најдолго од сите монархи во светот. Во 2015 година, таа го собори рекордот на кралицата Викторија, која владееше 63 години.
Пред седум години Елизабета II стана и официјално најстариот монарх во нашата доба, по смртта на кралот на Саудиска Арабија, Абдулах ибн Абдул Азиза Ал Сауд, кој во време на неговата смрт имал 90 години.
Текстот Кралицата Елизабета срушила шест Гинисови рекорди е превземен од Reporter.mk.