Кралицата Елизабета во 2019 година работела 67 дена

Кралицата Елизабета Втора минатата година работела 67 дена. Ова го покажуваат официјалните податоци за членовите на кралското семејство, заведени во Дворскиот циркулар, дневен список на настани на коишто присуствуваат кралицата и нејзиното семејство.

Според официјалните податоци, членовите на кралското семејство работеле во просек 84,5 дена во 2019 година, или околу една третина од 253 вообичаени работни денови во Велика Британија.

Деветте медиумски најистакнати членови на кралското семејство (кралицата, принцот Чарлс, Вилијам, Кејт, Ана, принцот Едвард, принцот Ендрју, принцот Хари и неговата сопруга Меган) работеле вкупно 761 ден.

Единствената ќерка на кралицата Елизабета Втора, пак, принцезата Ана трета година по ред е „највредна“ во таа смисла, со вкупно 167 работни денови. Наследникот на престолот, принцот Чарлс е на второто место со 125 дена службена должност. Кралицата Елизабета Втора (93), работела 67 дена, четири повеќе отколку во 2018 година.

Сепак, некои членови на кралското семејство имаат и приватни ангажмани, кои можеби не се вклучени во оваа листа. Вториот кралски престолонаследник – принцот Вилијам работел 74 дена изминативе 12 месеци. Неговата сопруга Кејт работела 58 дена.

Текстот Кралицата Елизабета во 2019 година работела 67 дена е превземен од Reporter.mk.