Кралицата Елизабета II воведe нови правила на социјалните мрежи и ги предупреди сите фанови дека ќе бидат блокирани, ако на профилите и групите на кралското семејство пишуваат пораки со навредлива содржина.
Од кралското семејство се заканија дека сите оние коментари со навредлива содржина и говор на омраза ќе бидат пријавени и во полиција.
Од Бакингемската палата, куќата Кларенс и Кесингтон палатата издале нови упатства кои содржат политика која забранува навреди, говор на омраза и расизам, пренесува Асошиејтед прес.
Ваквите упатствата доаѓаат поради загриженоста во кралското семејство откако Меган Маркл и Кејт Мидлтон биле потресени и вознемирени од коментарите кои ги добивале од нивните фанови.
Голем број кавги и расправии на социјалните мрежи настануваат поради ривалитетот на обожавателите на војвотките од Кембриџ и Сасекс.
Твитер налогот на кралското семејство има околу 3,87 милиони обожаватели.
Текстот Кралицата им се закани на сите кои шират говор на омраза кон Меган и Кејт е превземен од Reporter.mk.