Британските медиуми деновиве пишуваат дека Меган Маркл предизвикала два скандали со кои ја изнервирала кралицата Елизабета II. Меган наводно не била задоволна од венчаницата која требала да ја носи на церемонијата.
Војвотката од Сасекс сакала да облече друга, па морала да интеренира кралицата која ѝ наредила дека мора да го носи тоа што ќе и се даде. Морал да интервенира и принцот Хари кој исто така бил предупреден од кралицата дека треба да води сметка за тоа како се однесува тој и неговата сопруга.
Уште еден проблем кој Меган го предизвикала во пресрет на венчавката, било нејзиното барање во капелата Свети Џорџ во Винзор, каде се одржала церемонијата, да бидат вградени освежувачи за воздухот.
Капелата датира од 15 век, и во неа било загушливо, а поради непријатниот мирис Меган сакала освежување на воздухот пред да стигнат нејзините гости. Извори од кралското семејство велат дека ваквото барање било одбиено од Бакингемската палата со образложение дека ако ова место кое е изградено во 1475 година било доволно добро за членовите на кралското семејство, тогаш би требало да биде добро и за неа.
Дозвола за користење на капелата дава самата кралица Елизабета и во неа досега се имаат одржано голем број на кралски венчавки и погреби.
Во јавноста деновиве медиумите во Британија пишуваа и за нетрпеливоста меѓу Меган и Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ. Тоа наводно е една од причините поради која Хари и Меган ќе се преселат следната година во куќа во рамки на замокот Виндзор.
Се почесто се говори за тоа дека Меган и Хари не се омилени меѓу членовите на кралското семејство, Тие наводно се однесувале диктаторски и се многу тешки за соработка.
Текстот Кралицата ѝ наредила на Меган да носи венчаница која таа не ја сакала е превземен од Reporter.mk.