Кралската биографка откри што Чарлс и напиша на Дијана

Кралската биографка Пени Јуниор ја открила содржината на пораката која принцот Чарлс ѝ ја испратил на трагично загинатата принцезата Дијана ноќта пред кралската венчавка.

Неколку дена пред својата венчавка со принцот Чарлс во 1981 година, Дијана дознала дека тој ја изневерува со Камила. И покрај тоа, планираната венчавка била одржана. Пред свадбатам тие биле одвоени, кога принцот Чарлс ѝ пратил на Дијана емотивна порака.

 

„Неверојатно сум горд на тебе и кога ќе дојдеш утре до олтарот – ќе бидам таму за тебе. Само погледни ги во очи и нека „паднат во несвест”, ѝ напишал на Дијана во пораката која ја испратил во дворецот Кларенс хаус, каде идната принцеза престојувала со сестра ѝ Џејн.

 

Двајцата иако спремале свадба, сепак се сомневале околу тоа каков ќе биде нивниот заеднички живот. Иако му било јасно на Чарлс дека венчавката е голема грешка, сепак решил да и даде поддршка на принцезата, на некоку дена пред свадбата.

Текстот Кралската биографка откри што Чарлс и напиша на Дијана е превземен од Reporter.mk.