Кралски правила кои Меган мора да ги почитува

Меган Маркл ќе мора да почитува одредени кралски правила за бременоста, пишуваат британските медиуми. Војвотката од Сасекс нема да може за време на нејзината бременост да патува.

Меган нема да може да ја посети ни нејзината мајка во САД, а нема да смее ниту да го открие полот на детето се до неговото раѓање.

За турнејата во Австралија, Меган морала да бара посебна дозвола, а по 12 недела од бременоста, по направениот ултразвук е утврдено дека со бебето се е во ред.

Кралските правила налагаат дека нема да биде дозволено ниту кралското дарување на детето затоа што, со оглед на нивниот статус и материјална состојба, се смета дека ваквото нешто не би било примерно.

Посоебна задача за Хари и Меган ќе биде изборот на името за детето. Протоколот налага за кралскиот наследник да се има обезбедно три до четири имиња/

И породувањето на Меган ќе се одвива малку поинакво од вообичаено. Ќе мора да асистираат три бабици, две медицински сестри специјализирани за породување, три анестеолози, четири хирурзи, двајца помагачи, четири педијатри, лабараториски техничар за крвна претрага и дури три менаџери.

Сите овие правила важеле и за Кејт Мидлтон, која досега роди три деца. Покрај сите овие правила, првата личност која мора да дознае дека во семејството стигнува нов член е кралицата Елизабета.

 

Текстот Кралски правила кои Меган мора да ги почитува е превземен од Reporter.mk.