Кралскиот батлер на Дајана ја советува Меган како треба да се однесува

Поранешниот батлер на принцезата Дајана, Пол Барел, вели дека сака да ѝ помогне на Меган Маркл за празничните и новогодишни денови кои треба да ги мине во кругот на кралското семејство.

Барел вели дека обично деновите за Божиќ и Нова година минати со кралицата знаат да бидат многу хаотични во кралската куќа. Барел вели дека тоа е најлошиот период во годината за нив.

„Сакам да ѝ помогнам на Меган да остане во најдобри односи со кралицата. Ја советувам постојано да биде во нејзина близина, за да може да се оправда за непријатните работите кои весниците ги пишуваат за неа. Тоа ја советував и Дајана“, вели Барел.

Инаку кралицата Елизабета е позната по тоа што секој ден ги разлистува британските весници ѝ своите одлуки ги темели на тоа што го прочитала во нив. Кралицата е свесна за медиумското внимание кое што го има Меган ѝ таа не е исклучок во однос на останатите членови на кралското семејство, смета Барел.

„Доколку кралицата не е сигурна за вистиноста во поедини наводи, секогаш ги вика најблиските за да ѝ пренесат што навистина се случло“, вели Барел.

Иако многумина сметаат дека кралицата и Меган имаат добар однос, сепак Барел ја советува војвотката од Сасекс, поголемиот дел од времето да остане во близина на кралицата ѝ постојано да разговара со неа.

Текстот Кралскиот батлер на Дајана ја советува Меган како треба да се однесува е превземен од Reporter.mk.