Кралските јатрви Кејт Мидлтон и Меган Маркл ги скараа нивните сопрузи, браќата Вилијам и Хари, пренесуваат британските медиуми. Како повод на ваквите кавги, Кејт и Вилијам го преименуваа името на својата добротворна организација и официјално се разделија од принцот Хари и Меган Маркл.
Според документите кои ги објавиле британските медиуми, Кејт и Вилијам законски го промениле името на организацијата во Кралска фондација на војводата и војвотката од Кембриџ.
Тоа е последниот чекор од раздвојувањето на Хари и Меган од поранешната заедничка добротворна организација, откако го прекинаа и основањето на сопствената фондација Sussex Royal.
Извори од кралското семејство во палатата, ги демантираа наводите дека постоеле расправии меѓу браќата и нивните сопруги. Браќата ја основала Кралската фондација во 2009 година, а Кејт се приклучи две години подоцна, откако се омажила за Вилијам. Од тогаш таа е клучен дел од неговата работа.
Ова не е единствен пат по кој принцовите се одвиле еден од друг. Меган и Хари имаат свој профил на „Инстаграм“, одвоен од Вилијам и Кејт. Експертите кои ја следат кралската двојка, велат дека тоа го направиле намерно, за да можат да бидат поблиски до своите пријатели.
Се работи за тоа дека Хари и меган често самите пишуваат свои објави под фотографиите, додека за Вилијам и Кејт тоа не е случај. На постарата двојка, тоа го прават експерти од нивниот тим.
Злобниците велат дека сопругите се среќни што ги одовиле браќата и на тој начин ги задржиле само за себе, пишуваат тамошните медиуми. Војвотката од Сасекс Меган, инсистирала на тоа уште откако се омажила за Хари. Тоа е затоа што поранешната актерка не научила да живее во големо семејство, пишуваат медиумите.
Текстот Кралските јатрви Кејт и Меган ги скараа браќата Вилијам и Хари е превземен од Reporter.mk.