Оливија Џексон, која била дублер на Мила Јововиќ во филмот Resident Evil, ја тужи целата филмска екипа откако кран ѝ ја откинал раката за време на снимањето пред 4 години. Таа дури сега решила да поднесе тужба против Пол Андерсон, Џереми Болт, Болт Пикчрс и Танхаустер Гејт за несреќата што ја доживеала на снимањето.
Според Оливија, таа останала без една рака во септември 2015 година додека снимала сцените со борба. Од неа било побарано да изведе „опасна и технички сложена сцена со мотоцикл во неповолни временски услови“. Требала да тргне кон камерата, но кранот не бил кренат на време, па таа се судрила во камерата. Кранот ѝ ја откинал раката, а кожата на лицето ѝ била целосно растргната што забите ѝ се гледале. По ова лекарите ја ставиле во индуцирана кома.
Оливија оттогаш имала голем број операции, и не може нормално да ги извршува секојдневните обврски, да работи и заработува, но и нормално да живее. Ова, според нејзините адвокати, е причината што решила да ги тужи луѓето што работеле на филмот и да си обезбеди егзистенција.
Текстот Кран ѝ ја откинал раката на дублерката на Мила Јововиќ е превземен од Reporter.mk.