Крис Браун чека дете со поранешната девојка

Раперот Крис Браун вторпат ќе стане татко. Неговата, сега веќе поранешна девојка, Амика Харис, е бремена. Таа веста за бременоста ја дознала откако раскинала со познатиот музичар, пишува „Е! онлајн“. Откако двојката раскина, Браун почна да се гледа со инстаграм-моделот Индија Мари.

Крис и Амика беа во врска повеќе од една година. Ова е нивно прво заедничко дете. Крис од врската со Ниа Гузнман ја има 5-годишната ќерка Ројалти.

За потсетување, освен по неговата музика, јавноста го памети Браун и по скандалот од 2009 година, кога ја натепа Ријана. Иако во судот рече дека не е виновен, беше осуден на пет години условна казна затвор.

 

Текстот Крис Браун чека дете со поранешната девојка е превземен од Reporter.mk.