Крис Прат се ожени со Кетрин, ќерката на Шварценегер

Американскиот актер и ѕвездата од „Одмазници“ Крис Прат, вчера се венчаше со ќерката на Арнолд Шварценгер, Кетрин, пренесува „Пипл“. Раскошната церемонија била во Калифорнија, а младенците биле опкружени со семејството и најблиските пријатели.

Кетрин до олтарот ја испратил нејзиниот татко и легендарниот актер Арнолд Шварценегер. Синот на Крис кој го има од првиот брак со Ана Фарис, Џек, исто така беше присутен на веселбата.

Новопечените младенци се венчаа по седумесечна врска. Крис наводно имал одлична момачка вечер. На многуте литри виски и шампањ во лондонскиот клуб Сохо, потрошил 5000 фунти. Негови блиски пријатели велат дека се забавувале со стриптизети до раните утрински часови.

Крис и Кетрин за прв пат се видени заедно во јуни 2018 година во Санта Барбара.

 

 

Текстот Крис Прат се ожени со Кетрин, ќерката на Шварценегер е превземен од Reporter.mk.