Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, ја побарал за жена долгогодишната девојка Георгина Родригез, пишува британскиот весник „Мирор“. Тие се повикуваат на извор близок на Георгина, кој им открил дека таа веќе почнала да бара венчаница.
Роналдо и Родригез открија дека се во врска на крајот на 2016 година. Лани во ноември двојката доби ќерка. Освен ќерката со Георгина, 32-годишниот фудбалер на Јувентус, има и син од сурогат мајка, Кристијано јуниор, роден 2010 година и близнаци Ева и Матео, кои се родија 2017 година.
Текстот Кристијано Ронајдо ја вери Георгина е превземен од Reporter.mk.