Кристијано Роналдо е најплатена ѕвезда на „Инстаграм“

Според најновата листа која ја направи светскиот економски магазин „Форбс“, Кристијано Роналдо заработува најмногу на „Инстаграм“ од сите останати светски ѕвезди. Португалецот на социјалната мрежа го следат преку 188 милиони луѓе. За еден објавен пост тој заработува 500 илјади евра, а годишно околу 25 милиони евра.
Играчот на Јувентус е најплатен спортист кога се во прашање заработките од рекламите на „Инстаграм“. Веднаш зад него на оваа листа се Лионел Меси, Кајли Џенер и Клои Кардашијан.
Лео Меси на „Инстаграм“ го следат 134 милиони обожаватели. Аргентинецот преку социјалната мрежа заработува двојно помалку од Роналдо, односно околу 12 милиони евра годишно. Португалецот почна да работи и како манекен, па со голите фотографии често се фали по социјалните мрежи. Кај Меси тоа ретко се случува.
Профилот на фудбалерот на Барселона е полн со фотографии од семејството и фудбалот. Според листата на „Форбс“, жената која најмногу заработува од „Инстаграм“ е Кендал Џенер. На „Инстаграм“ Џенер ја следат 117 милиони луѓе, што е само милион фанови помалку од Меси. Таа заработува 15 милиони евра годишно.
На овој список се наоѓа и пејачката Селена Гомез која на „Инстаграм“ има 159 милиони обожаватели. За една објавена фотографија таа заработува околу 550 илјади евра, односно околу седум милиони евра годишно. Зад неа се наоѓа фудбалерот на ПСЖ Нејмар, кој за еден пост подготвил 668.000 евра. Следува Дејвид Бекам со заработка од 600.000 евра и Златан Ибрахимовиќ кој за една објава заработува о 185.000 евра.

 

Текстот Кристијано Роналдо е најплатена ѕвезда на „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.