Фудбалерот на „Јувентус“, Кристијано Роналдо во Париз ќе го отвори својот шести хотел од брендот CR7. Хотелот на Роналдо треба да е готов до 2021 година. Досега под познатиот бренд на фудбалерот работат два хотела, еден во Лисабон и еден во родниот град на Роналдо, Фуншал. Во 2020 година ќе бидат отворени хотели во Мадрид, Њујорк и Маракеш.
Хотелот на ѕвездата на „Јувентус“ во Париз ќе има 210 соби, а треба да се гради на левиот брег на реката Сена. Како и претходните пет хотели, 60 милиони евра ќе бидат подеднакво инвестирани од Роналдо и од португалската хотелска група „Пештана“.
Текстот Кристијано Роналдо ќе отвори хотел во Париз е превземен од Reporter.mk.