Светската ѕвезда Кристијано Роналдо (34) во Мадрид отвори негова клиника за трансплантација на коса Insparya. Клиниката ќе ја менаџира неговата свршеница, 25-годишниот модел Џорџина Родригез. Според шпанските медиуми, клиниката е пред сè наменета за мажите, но нивните услуќи ќе може да ги користат и жени.
Роналдо и Џорџина дојдоа во Шпанија само на еден ден, специјално за отворањето на клиниката.
Новинарите освен што пишуваа за клиниката, го пофалија и нивниот стил. Фудбалерот и моделот беа облечени слично, во бели кошули и фармерки, а Џорџина носеше дијамантски обетки и кожени чизми над колена од дизајнерот Кристијан Лобутин.
Текстот Кристијано Роналдо отвори клиника за трансплантација на коса е превземен од Reporter.mk.