Кристина Арнаудова шизи на „Тексас“

Рок-пејачката Кристина Арнаудова беше меѓу најразиграните и најрасположени гости на концертот на шкотската група „Тексас“, што се одржа вчеравечер во спортскиот центар „Кале“. Таа два часа не престана да игра и да се забавува.

„Тие ми се омилената група. Веќе десет години чекам да дојдат во Скопје. Уживам, преубаво е“, рече таа во текот на концертот за „Репортер“.

Кристина на концертот дојде со својот сопруг, поранешниот ракометар Александар Петровски, и со неколку пријатели. Таа заедно со пејачката Шарлин Спитери и бројната публика ги пееше најголемите хитови на светскиот бенд, но ги пееше и песните од нивниот последен албум Jump Оn Board.

Концертот на „Тексас“ во Скопје беше во организација на „Авалон“.

(А.Ј)

Шарлин од „Тексас“: Ја мразам ќерка ми

Текстот Кристина Арнаудова шизи на „Тексас“ е превземен од Reporter.mk.