Уште три жени го обвинија холивудскиот глумец Куба Гудинг-Јуниор за сексуално злоставување. Тие велат дека глумецот ги нападнал во различни периоди – 2008, 2013 и 2015 година, пишува „Ти-ем-зи“ повикувајќи се на полициски извори.
Во сите случаи, познатиот глумец ги нападнал жените во барови или ресторани на Менхетан. Една од жртвите тврди дека глумецот ја допирал за задникот во хотел во Сохо во 2018 година. Друга, пак, вели дека ѝ ја ставил раката под здолништето.
Адвокатот на холивудската ѕвезда, Марк Хелер, го потврди само првото обвинение против неговиот клиент и вели дека досега се покренати обвиненија само за два случаја.
„За настанот од 2018 година сметаме дека тоа е единственото ново тврдење, додадено кон обвинението. Веруваме дека е целосно невистинито и воопшто нема да дојде до никаква казна“, изјавил Хелер.
Глумецот, кој доби Оскар за филмот „Џери Мекгвајар“, беше уапсен во јуни откако ѝ се нафрлил на 30-годишна жена во пијана состојба, а против нејзина волја. Тој тогаш ги отфрли овие тврдења и велеше дека посегнал да ја допре нејзината рака, а не нејзините гради, како што тврди таа.
Текстот Куба Гудинг Јуниор повторно обвинет за сексуално злоставување е превземен од Reporter.mk.