Холивудскиот глумец Бредли Купер ќе сними биографски филм за познатиот композитор Леонард Бернштајн. Тоа нема да биде класичен биографски филм, туку сложена приказна за бракот на американскиот пијанист, диригент и музички теоретичар, со неговата сопруга Фелиција Монтеалегри, познатата чилеанска глумица.
Бредли Купер ќе биде и режисер, а правата за филмот, кој сеуште нема наслов, ги откупи „Нетфликс“. Купер заедно со Џош Сингер, ќе биде и автор на сценариото.
Од големите холивудски имиња од продуцентите, се споменуваат и Стивен Спилберг и Мартин Скорсезе. Купер за време на снимањето ќе соработува и со децата на Бернштајн.
Бернштајн (1918-1990) беше еден од најславните диригенти во САД. Ги диригираше речиси сите американски оркестри, а од 1958 година до 1969 година, беше музички директор на Њујоршката филхармонија. Настапувал и како оперен диригент и концертен пијанист.
Светската слава ја стекна со мјузикот „Во град“ (1944) и „Приказната од западната страна“ (1957). Двата се снимени и во филмска верзија.
Текстот Купер ќе снима филм за композиторот Бернштајн: „Нетфликс“ ги купи правата е превземен од Reporter.mk.