Минатата недела папараците ја сликале Ана Курникова (37), поранешната тенисерка, како излегува од маркет во Мајами со количка преполна со алкохол. Педантните Американци ѝ изброиле десет шишиња вотка, една текила и еден шампањ. Покрај сè останато, количката беше толку полна што ѝ биле потребни тројца помошници за сето тоа да го стави во автомобилот.
Американските медиуми веднаш почнаа да пишуваат дека Ана почнала да пие, но сепак, на крај испадна дека причината за овој шопинг најверојатно била прославата за првиот роденден на близнаците.
Курникова во 1996 година освоила два ITF натпревари и стана најмладата дебитантка за руската Fed Cup репрезентација. Таа е во брак со музичката ѕвезда Енрике Иглесијас, со кого има близнаци.
Текстот Курникова на шопинг, спрема роденден за близнаците е превземен од Reporter.mk.