Интернет публиката веќе подолго време е опседната со идејата дека Лејди Гага и Бредли Купер можеби се во тајна врска, а овие гласини дополнително ги подгреа нивниот заеднички настап на овогодинешната церемонија за доделување на Оскари.
Лејди Гага неодамна се појави во шоуто на Џими Кимел, во кое зборуваше за Бредли Купер и ја отвори темата за која се заинтересирани нејзините фанови.
Уште откако двајцата беа ангажирани за главните улоги во филмот „A Star is Born“, тие го привлекоа вниманието на јавноста со енергијата и хемијата меѓу нив, која посебно е впечатлива во филмот. Во светот на шоубизнисот одамна се збори дека Купер и Гага се во врска, а тие само ги разгорија шпекулациите кога настапуваа на Оскарите, кога не ги одвоија погледите еден од друг.
„Прво, сметам дека социјалните мрежи се на некој начин тоалетот на интернетот. Она што ѝ се случува на културата поради социјалните мрежи е ужасно. Да, луѓето видоа љубов помеѓу нас двајцата бидејќи токму тоа сакавме да го видат. Пеевме љубовна песна, филмот зборуваше за љубовта помеѓу нас двајцата…на двајцата ни беше важно да бидеме поврзани цело време“, рече Лејди Гага.
Со оглед на тоа што Лејди Гага е сестран уметник, нејзиниот перформанс е секогаш наменет за публиката. Таа вели дека не ѝ е проблем дури и да изглуми дел од емоциите, за луѓето што подобро да ги почувствуваат.
„Ние сме уметници и секој од нас си ја работи својата работа. Ве измамивме!“, низ смеа изјави пејачката.
Текстот Лајди Гага за Бредли Купер:Ве измамивме, и онака социјалните мрежи се тоалетот на интернет е превземен од Reporter.mk.